ФОТО | Таа е сон на секое момче – оваа девојка е најубавата спортистка на светот, но си го мрази своето тело: “Градите ми ја уништија кариерата!“

Нејзиното име е Кајла Симонс, таа е една од најсексапилните спортистки на планетата, но само една работа ја многу нервира – кога луѓето коментираат за нејзините гради. 

Уште од раните студентски денови, Кајла Симонс била наречена како најубавата одбојкарка на светот и воопшто најубавата спортистка, а кога посакала помали гради во една неодамнешна нејзина објава на Интернет, еден од нејзините милион обожаватели на социјалната мрежа Инстаграм и се налутил поради ова нејзино тврдење, кажувајќи дека таа имала вградено силикони.

Нула, има нула силикон во нив и искрено веќе немам нерви да одговорам на тие прашања“, одговорила таа во реплика на коментарот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ПРОФИЛОТ НА КАЈЛА СИМОНС ОВДЕ.

Во едно интервју на Јутјуб, Кајла Симонс зборуваше за тоа како е да растеш со големи гради – таа тврди дека тоа било навистина проблематично, па дури и трауматично, а особено бидејќи таа е спортист.

Во средно сакав помали гради бидејќи така полесно ќе играм одбојка. Таа желба не се исполни“, признала таа. Поради ова, како што вели таа, никогаш не можела да скокне високо колку што сака, не била доволно брза, и чуствувала болка кога среде одбојкарски натпревари се фрлала на подот.

Покрај тоа, кога имате бујни гради, вие сте мета на сексистички шеги и навреди“, изјавила таа. Таа никогаш не ја продолжи својата спортска кариера по факултетот, но ја најде животната (и деловната) среќа како инфлуенсер и модел на платформата за возрасни OnlyFans.

Кајла Симонс

За време на студиите таа предизвикувала контроверзии, бидејќи администраторите на факултетот ја казниле за објавување на премногу атрактивни фотографии, па дури и побарале таа да го избрише својот Инстаграм профил.

Беше ужасно, не се чувствував удобно во моето тело бидејќи ми рекоа дека сум премногу секси за да бидам успешен спортист. Но, до денес научив дека најважно е што самиот мислиш за себе и како изгледаш. На факултет ме натераа да се срамам од себе. Како да требаше да бирам дали сакам да бидам убава девојка или успешен спортист. Затоа на жените им велам дека се убави без разлика кои се и да не губат самодоверба“, вели Кајла Симонс во едно нејзино неодамнешно интервју на Интернет.