ФОТО | ТЕНЗИЧНО ВО ТУРЦИЈА – Реџеп Таип Ердоган ја повика опозицијата да го почитува како што вели тој – “демократското пребројување на гласовите“

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја повика опозицијата да избегнува да извлекува „избрзани“ заклучоци додека е во тек она што тој уверува дека е „демократско“ пребројување на гласовите.

Секоја прерана проценка ќе значи ограбување на волјата на нацијата“, напиша тој во објава на социјалната мрежа Твитер, одговарајќи на забелешките од опозицијата дека водат според првичните резултати.

објавата на Реџеп Таип Ердоган на социјалната мрежа Твитер

Тој им се заблагодари на своите поддржувачи и побара од луѓето ангажирани околу гласачките кутии да не ги напуштаат местата додека не се добие дефинитивен резултат.

Им честитам на сите мои граѓани кои гласаа во име на демократијата и учествуваа во изборите и изразувам благодарност до секој од нив“, напиша Реџеп Таип Ердоган.