Шеесет резервисти на израелското воено разузнавање ја прекинаа волонтерската служба

– Повеќе од 60 резервисти од елитната израелска разузнавачка програма Хавацалот ја суспендираа својата волонтерска служба во знак на протест против контроверзниот план на Владата за реформа на судството, објави „Вала њуз“.

Програмата обучува разузнавачи за клучните улоги во Дирекцијата за разузнавање при Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Резервистите беа силен глас во протестното движење на Израел откако коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху објави судски промени по преземањето на функцијата во декември.

Многумина резервисти рекоа дека ќе побараат да бидат ослободени од служба доколку коалицијата продолжи со планот, чиј прв главен елемент беше усвоен минатата недела во Кнесетот, парламентот на земјата.