Стапките на невработеност во еврозоната и ЕУ се намалија во јуни

– Стапките на невработеност во еврозоната и ЕУ се намалија на 6,4 отсто и 5,9 отсто на годишна основа во јуни, објави Евростат.

Во јуни 2022 година стапките беа 6,7 отсто и 6,1 отсто, потсети статистичкиот орган на 27-члениот блок.

„Евростат проценува дека 12,802 милиони луѓе во ЕУ, од кои 10,814 милиони во еврозоната, биле невработени во јуни 2023 година“, се додава во соопштението на Евростат.

Стапката на невработеност кај младите беше 13,8 отсто во еврозоната и 14,1 отсто во ЕУ.

Највисоки стапки се забележани во Шпанија со 11,7 отсто, Грција со 11,1 отсто и Шведска и Литванија со 7,5 отсто.