Луѓето се обидуваат да побегнат, автобуската карта сега чини 40.000 долари! „Судан е целосно уништен“ (ВИДЕО)

Можат да поминат само патници со посебни дозволи, а преминувањето на границата пеш е забрането

Околу 6.000 луѓе, главно жени, побегнаа од Судан во Централноафриканската Република од почетокот на конфликтот меѓу суданската армија и паравоените сили, соопшти УНХЦР. Во таа бројка околу 70 отсто се жени, 15 отсто девојчиња, 10 отсто мажи и околу 400 државјани на Централноафриканската Република, соопшти УНХЦР, а тоа го потврдија и претставници на агенцијата во ЦАР. Милиони Суданци се блокирани во конфликт откако избија борби меѓу војската и паравоените сили на 15 април. Во досегашната војна, според официјалните податоци, загинале 528 лица, а 4.599 се ранети, а овие бројки се сметаат за многу пониски од реалните.

Централноафриканската република, која е меѓу најсиромашните земји во светот дели граница со Судан во нејзината североисточна провинција Ваканга.

 Овде има неколку илјади луѓе. Нема сместување, луѓето спијат во училишта и на душеци – изјави тој за Би-Би-Си од пограничниот град Вади Халфа.

Повеќето членови на неговото семејство се британски државјани и тој побарал помош од британските власти.

– Не можам да гарантирам дека моите деца ќе добијат лекарска помош бидејќи сме среде пустина. Сакам британската влада да ми помогне да се евакуирам за да ја преминеме границата – рече тој.

Астрономски цени за превоз

Според него, локалните возачи на автобуси решиле да ја искористат оваа ситуација и да се збогатат од повредените патници.

– Нормално патување со автобус чини 3.000 долари, а сега цената е 40.000 долари, за само 30 километри патување. Кој има толку пари? Банките затворени, банкоматите не работат – рече Адамани (53).

Тој го напушти својот дом во Картум со неколку алишта.

– Ги зедов сите вредни работи. Дали сè уште имам куќа во Картум? Само Господ знае… Собравме се што можевме – додаде тој.

Од друга страна, Суданката Хосна рече дека нејзините две ќерки останале во Картум. Како што наведе таа, пред конфликтот патувањето до границата чинело околу 25 долари, а сега треба да платат 400 долари. Хосна дошол во египетскиот град Асуан пред избувнувањето на конфликтот.

– Моите ќерки видоа како паѓаат гранати во нашето маало. Не можам да ги донесам овде. Немам син или маж да им помогнам. Работам цел ден за да заштедам пари – рекла таа.

Хосна почна да работи во чајџилница на автобуската станица во Асван, каде бегалците почнаа да пристигнуваат во голем број.