ФОТО | Тешки навреди и пцовки на сметка на најскапиот фудбалер во Англија: Избраничката на Деклан Рајс минува низ брутална тортура на социјалните мрежи

Обожавателите на фудбалерот Деклан Рајс застанаа во негова одбрана откако суров онлајн трол (лажен профил) ја нападна неговата долгогодишна девојка.

Несоодветната објава на социјалната мрежа Х (Твитер) се однесува на девојката на Деклан РајсЛорен Фрајер, а објавата собра речиси 14 милиони прегледи и илјадници коментари од оние кои се згрозени од објавата.

Имено, објавени се две фотографии од среќниот пар кој ужива на заеднички одмор, со овој текст:

Деклан Рајс е мултимилионер, атлетски граден, елитен фудбалер висок 185 сантиметри, но сепак се реши за дебела бела девојка. Повеќе не го разбирам овој свет“.

слика

Секако, авторот на овие бесчувствителни зборови е анонимен и објавува под псевдоним, а неговата шега никому не му беше смешна.

Многу не е во ред со оваа објава. Избришете ја“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Замислете да изберете животен партнер врз основа на стандардите за убавина на општеството. Се гледа дека имате мало машко его“.

Еден корисник на социјалната мрежа беше многу ироничен и напиша: „Еј, јас сум момче кое најмногу се грижи што прават фудбалерите надвор од теренот бидејќи животот ми е срање. Никогаш нема разговарано со жена во неговиот живот – ова е дефиниција за овој трол“.

Играчот од средниот ред на Арсенал и неговата девојка се запознале на училиште и почнале да излегуваат кога и двајцата имале 17 години. Лорен Фрајер го придружуваше Деклан Рајс на сите важни натпревари.

Двојката го дочека својот прв син, Џуд, во август 2022 година, кој Деклан Рајс го означи со нова тетоважа со името и датумот на раѓање на Џуд.