ФОТО | “ТОПЛО ДОБРЕДОЈДЕ ЗА ЕНТОНИ БЛИНКЕН“ – Премиерот Димитар Ковачевски го пречека државниот секретар на САД во Скопје
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук сподели со јавноста дека државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Ентони Блинекн, веќе е пристигнат во Скопје.
Скопје во наредните два дена ќе биде центарот на светот бидејќи во главниот град се одржува 30. Министерски состанок на ОБСЕ на кој ќе присуствуваат околку 1.000 високи делегации од 76 земји ширум светот.
Денес се очекува поголемиот дел од делегациите на чело со министрите за надворешни работи да пристигнат во Скопје, а помеѓу првите кој пристигна е токму Ентони Блинкен, еден од главните учесници на Министерскиот состанок на ОБСЕ кој започнува утре во 10:00 часот во спортската сала „Борис Трајковски“.
Премиерот Димитар Ковачевски му посака топло добредојде на Ентони Блинкен во друштво на амбасадорката на САД во државата, Анџела Агелер и сподели неколку фотографии од нивната заедничка средба, а во прилог во целост ви ја пренесуваме неговата објава:
„Топло добредојде во Скопје за американскиот државен секретар Антони Блинкен. На средбата попладнево уште еднаш ги истакнавме нашите одлични односи и разговаравме за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ и спроведувањето на потребните реформи.
Република Северна Македонија е високо ценета како НАТО сојузник, но и во регионален контекст како фактор на стабилност на Западен Балкан.
Државниот секретар го поздрави нашето успешно претседавање со ОБСЕ и конструктивниот пристап во реализацијата на агендата и адресирањето на предизвиците со кои се соочува Организацијата“, стои во објавата на Димитар Ковачевски.