ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА БОКИ 13 ПО ЗАТВОРОТ: Уапсен за „Рекет“ – пред неколку месеци позираше со 7 мажи во ќелија (ФОТО)

Македонскиот шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, излезе од затвор.

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, излезе од затворот „Идризово“ , каде беше осуден во случајот „Рекет“ во 2020 година.

Според информациите, причината е неговата лоша здравствена состојба. Имено, Кривичниот суд му ги разгледал лекарските извештаи, поради што одлучил да го ослободи од затвор. Во моментов не се знае во каква состојба е, ниту како изгледа, а откако беше уапсен во јуни 2020 година, во јавноста се појави само една негова слика – и тоа од затвор.

На почетокот на оваа година на интернет се појави фотографија од Боки од ќелијата на која тој позира со седум затвореници.  Како што може да се види на истата фотографија, тој драстично го промени изгледот и тежината, што беше многу коментирано. Инаку, фотографијата се појави неколку месеци откако тој наводно бил претепан од тројца затвореници .

Адвокатот на Боки по повод ослободувањето од затвор објасни зошто осудениот шоумен е пуштен на слобода: „Во однос на прашањето за кое покажувате интерес, како бранител, ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донел одлука за суспензија издржувањето на затворската казна на осудениот Бојан Јовановски. Иако оваа одлука доцни, треба да се поздрави како законска, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења на надлежниот јавен обвинител во иста постапка. и врз основа на комплетна медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, посочува Туфегџиќ

За потсетување, како бомба одекна веста дека Боки 13 е уапсен под обвинение за рекет , а целата акција се одвивала на пат кон Миконос, на граничниот премин кон Грција. Така, во секунда Боки 13 ги замени планираните тропски денови на овој луксузен и нималку евтин остров со оние во затворска ќелија.