ФОТО | ТОТАЛЕН ХАОС ВЛАДЕЕ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА – Илјадници гладни луѓе упаднаа во магацините за храна на ОН во потрага по храна за да преживеат

Илјадници луѓе упаднаа во магацини и дистрибутивни центри на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа (УНРВА) во централните и јужните области на Појасот Газа. Тие украле пченично брашно и други основни прехранбени производи за да преживеат, соопшти организацијата.

Во еден од магацините, во Деир ал Балах, УНРВА складира залихи од хуманитарни конвои кои доаѓаат од Египет, се вели во соопштението на агенцијата.

Ова е загрижувачки знак дека системот почнува да се распаѓа по три недели војна и цврста опсада на Појасот Газа. Луѓето се исплашени, фрустрирани и очајни. Тензијата и стравот се влошуваат со прекини во телефонските и интернет комуникациските линии. Тие чувствуваат дека се оставени сами на себе, отсечени од нивните семејства во Појасот Газа и остатокот од светот“, вели првиот човек на операциите на УНРВА во Појасот Газа, Томас Вајт.

слика
слика