ФОТО | Тотална доминација на Милица Павловиќ: Се појави во изданието од 5.000 евра и ги остави сите без зборови
Милица, која досега беше огнена русокоса, се врати на старото јас и сега може да се каже дека повторно е занесна црнка.
Ѕвездата во подем Милица Павловиќ синоќа гостуваше во емисијата на Амиџи и по тој повод покажа голема промена.
Сепак, оваа промена не е евтина. Милица реши да се потруди дополнително, но и да инвестира за ова гостување, а за промена на бојата на косата, екстензии и шминка дала околу 1.000 евра.
Павловиќ за оваа пригода избра црн комбинезон кој го комплетираше со опасно деколте, а цената на ова парче облека кое е ремек дело на Бојан Петровиќ чини дури 2.000 евра.
Секако, ниту една жена не излегува од дома без чанта, вклучувајќи ја и Милица, а за оваа прилика избрала црна чанта „Сен Лоран“ за која платила околу 2.150 евра.