ФОТО | Тој глумеше во едни од најпознатите филмови а денес речиси никој не може да го препознае! Што се случува со славниот актер – погледнете!

Актерот Хуго Вивинг (63 г.) се прослави во филмовите „Господарот на прстените“ и „Матрикс“, а неодамна папараците го фатија на лондонските улици.

Фотографиите на актерот ја изненадија јавноста кога многумина забележаа дека тој повеќе не личи на себе.

Хуго Вивинг
Хуго Вивинг

Хуго Вивинг бил забележан во опуштено расположение, а се шетал со својата невенчана сопруга Катрина Гринвуд. Двојката е заедно од 1984 година и имаат две деца – ќерката Холи и синот Хари.

Покрај улогата на агентот Смит во „Матрикс“ и Лорд Елронд во „Господарот на прстените“, актерот беше дел и во франшизата „Капетан Америка“.

Најмногу се препознаваше по неговото специфично изразено лице.

Во 2020 година, тој кажа дека би сакал да ја повтори својата улога во четвртиот дел од франшизата „Матрикс“, но поради лични причини, не можел.

Многу го сакав бидејќи целата екипа ми е многу драга, но во тоа време глумев во претстава која се преклопуваше со датумите на снимање на филмот“, открил тогаш актерот.