ФОТО | УКРАИНЦИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ – Денес повторно нападната руската престолнина: Соборени два дрона во и околу Москва

Руската противвоздушна одбрана собори две беспилотни летала во и околу градот Москва, област која е нападната шести последователен ден, потврди градоначалникот на руската престолнина во средата рано наутро.

Вечерва противвоздушната одбрана собори беспилотно летало во квартот Можај во Москва. Друг дрон погоди зграда во изградба во центарот на Москва“, објави Сергеј Собјанин на социјалната мрежа Телеграм.

Според првичните информации, во нападот нема жртви.

слика
Москва, Русија
слика
Москва, Русија
слика
Москва, Русија

Руската медиумска агенција РИА Новости претходно објави дека се слушнала „експлозија“ во деловниот кварт на Москва.

Зграда во изградба во центарот на Москва е лесно оштетена“, јави медиумската агенција ТАСС, повикувајќи се на информации од итните служби.

Ноќните снимки објавени на социјалните мрежи, кои France Press не можеше да ги потврди, покажуваат дека чад се издига во близина на облакодерот.

Авиосообраќајот на меѓународните аеродроми во Москва Домодедово, Шереметјево и Внуково е прекинат, јавува ТАСС, повикувајќи се на надлежните служби.

Руската територија сега е цел на напади со беспилотни летала речиси секој ден. Рано утрото во вторникот, два дрона се урнаа над области во Москва – Красногорск, северозападно од главниот град, кршејќи ги прозорците на една зграда, јави репортер на AFP од местото на настанот.

Во текот на летото над деловниот кварт во Москва беа соборени дронови, а во мај во близина на Кремљ беа соборени два дронови.