ФОТО | УШТЕ ЕДНА ‘НЕНАДЕЈНА РУСКА СМРТ’ – Најпосакуваната руска снаа пронајдена мртва во нејзиниот стан: Нејзиниот татко бил многу близок со Владимир Путин, но…

Гламурозната ќерка на поранешниот близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин е пронајдена мртва во својот стан во Москва.

Наталија Бочкарева (44 г.), ќерка на Василиј Бочкарев, долгогодишниот управител на регионот Пенза, беше пронајдена мртва на 11. јули. Чуварот од нејзината зграда повикал полиција да пријави дека Наталија Бочкарева престанала да ја отвора вратата, а кога насилно влегле во станот, нејзиното тело го пронашле во бањата.

Според првичните информации, нема знаци на насилна смрт. Медиумите неофицијално јавуваат дека неколку дена пред смртта се пожалила дека не се чувствува добро.

Василиј Бочкарев раководеше со регионот Пенза од 1998 до 2015 година. Долгогодишниот член на партијата Единствена Русија почина на 67-годишна возраст од рак на белите дробови една година по напуштањето на функцијата.

По смртта на нејзиниот татко, Наталија Бочкарева раководеше со семејните фирми за обработка на дрво и синџир пекари. Имала капитал во неколку компании и голем број имоти низ Русија.

Таа се најде на насловните страници пред две години, откако, според руските медиуми, стана жртва на измама кога испратила 16 милиони рубљи или околу 200.000 евра на самопрогласена гатачка за да отстрани клетва. Меѓутоа, гатачката ги зела парите и ги прекинала сите контакти со Наталија Бочкарева.

Убавицата со години беше на листата на „најпосакувани невести“ на Русија.

Последната објава Наталија Бочкарева на социјалните мрежи ја објави на 28.06.2023 година кога објави фотографија од кафуле, а објавата сега е полна со зборови за сочувство.

Наталија Бочкарева

Daily Mail наведува дека нејзината смрт е уште една мистериозна трагедија што го снашла некој од руската елита.

Ден Рапопорт, познат критичар на рускиот претседател Владимир Путин, кој беше протеран од Русија, беше пронајден мртов откако наводно паднал од неговата луксузна станбена зграда во Вашингтон минатиот август.

Неколку недели подоцна, претседателот на рускиот нафтен гигант Лукоил, Равил Маганов, исто така падна од прозорец на шестиот кат на болница во Москва и почина. Пред неговата смрт, Равил Маганов беше гласен во критиките за Владимир Путин и руската инвазија на Украина.

Креативниот директор на ИТ компанија Григориј Коченов во декември скокнал од балконот на својот стан и починал. Трагедијата наводно се случила додека руските власти го претресувале неговиот стан. Руски тајкун, исто така, падна во смрт од прозорец на хотел во Индија во декември, само два дена откако неговиот пријател, исто така од Русија, починал во истиот хотел.

Руски тајкун со недвижности фатално паднал по скали додека бил на француската ривиера во декември. На почетокот на овој месец, федералниот судија Артјом Бартенјев падна од 12-тиот кат од неговата станбена зграда и беше прогласен за мртов.

Daily Mail наведува дека околу дваесет руски функционери и олигарси починале под мистериозни околности само во 2022 година и тоа го нарекува синдром на „ненадејна руска смрт“.