ФОТО | Фудбалски стадион на кој можете и да (пре)спиете

Фарските острови се украсени со карпи, зелени долини и фјордови, па затоа можеме да ги наречеме рај за сите љубители на природата. Но ги привлекува и љубителите на фудбалот бидејќи таму се наоѓа едно од најубавите фудбалски игралишта во светот…

Во северниот дел на Атлантскиот океан, помеѓу Исланд и Шкотска, островите познати како Фаеро, Феројски – или Овчји зрачат со својата убавина.

Овие вулкански острови, кои припаѓаат на Данска, меѓусебно се поврзани со два подземни тунели, три моста и бројни фериботи. Островите се украсени со карпи, зелени долини и фјордови, па можеме да ги наречеме рај за сите љубители на природата. Но ги привлекуваат и фудбалските фанови бидејќи таму се наоѓа едно од најубавите фудбалски игралишта во светот.

Можете да го најдете Eiði на „Источниот остров“  Østerø. Некогаш бил главен терен на фудбалскиот клуб EB/Streymur, а денес се користи како место за кампување. И покрај тоа, сè уште го одзема здивот поради својата локација. Eiði се наоѓа покрај работ на океанот и опкружен со планини, недалеку од истоименото село, каде што живеат само околу седумстотини жители.

Недалеку од Еиди се познатите карпи Рисин и Келингин, познати како џинот и вештерката, како и прекрасното езеро Еидисватни. Новиот стадион се наоѓа во самото село Еиид, на помалку драматична локација, па нема страв топката да заврши во океанот.