ФОТО | Цеца на ромска свадба собрала 50.000 евра за само еден час! Невеста накитена со дебело злато, а ваква свадбена торта досега немате видено – погледнете!

Социјалните мрежи во регионот со денови брмчат за големата ромска венчавка која се одржа во околината на Белград во Србија каде гостите ги забавуваа Светлана Цеца Ражнатовиќ и Аца Лукас, пишува српски Курир.

слика
Аца Лукас

Имено, на Интернет кружат информации дека семејствата на младенците вложиле огромна сума пари на свадбената веселба на која имало дури 1.500 гости, а најголем дел од парите отишле кај гостите на музиката. 

Цеца за само еден час пеење наводно добила 50.000 евра, а по неа настапувал и Аца Лукас. Настапил и оркестарот на Беки Бекиќ и Борко Радивојевиќ, додека целата програма до зори ја водел т.н. „водител“ Бора Сантана, кој од крајот на реалното шоу „Задруга“ води ромски венчавки.

слика

Како и на секоја ромска свадба, не може да се изостави мегаломанијата и раскошот, па така убавата невеста носела круна украсена со дебело жолто злато, а на овие простори никогаш не е видена поголема торта од оваа.