ФОТО | ЧЛЕНОВИ НА ВАГНЕР ИЗВРШИЛЕ МАСАКАР ВО РУСИЈА – Излегол од затвор да се бори во Украина, а кога се вратил дома направил нешто што ги оставило сите во шок: “Тој е монструм…“

Поранешен руски затвореник кој учествувал во војната во Украина убил шест лица во Русија откако излегол од затвор, според информациите на руските органи на прогонот, пишува Daily Mail.

Телата на пет мажи и една жена со убодни рани и тешки изгореници биле пронајдени во две одвоени куќи кои биле зафатени од пожар во село во северниот руски регион Карелија.

слика

Игор Софонов (38 г.), опасен криминалец, бил регрутиран да учествува во војната на Владимир Путин во Украина.

Неговиот наводен „сопатник“ во криминал, кој исто така бил во затвор за тешки кривични дела, се вика Максим Бочкарев (37 г.).

И двајцата првично биле притворени два месеци под сомнение за убиство, соопштуваат руските органи на прогонот.

Максим Бочкарев и Игор Софонов, наводно, претходно биле осудени за убиство, силување, грабеж и поседување дрога.

слика
Максим Бочкарев и Игор Софонов

Русите изразија длабока загриженост за поранешните борци кои беа ослободени за да се борат во војна, кои Владимир Путин ги помилува како награда за борбите и им дозволи да си одат дома.

Инспекторите се сомневаат дека се запалени две куќи за да се сокрие масакрот, а на видеото кое кружи низ руските медиуми се гледаат уништените куќи по пожарот.

Константин Лонин (42 г.), неговиот брат Дмитриј (47 г.) и Владимир Сергеенко (76 г.) се меѓу загинатите во куќа во селото Деревјаноје, а во истата куќа била и жена по име Светлана (38 г.).

Телата на Владимир Терешченко (70 г.) и неговиот син Артјом (39 г.) се пронајдени во друга куќа, на улицата „Пријателство“ во истото село.

слика

Некои извештаи сугерираат дека Игор Софонов служел за платеничката група Вагнер предводена од Евгениј Пригожин.

Тој беше пуштен дома пролетта, се вели во извештаите.

Двајцата осомничени биле во состојба на „екстремна интоксикација“ кога биле приведени, а учесникот во злосторството бил опишан како „силен и висок маж“, пишува Daily Mail.