ФОТО | ЧОВЕК-МОНСТРУМ – Доктор ги дрогирал па ги силувал пациентите, а грозоморниот чин го снимал со мобилниот телефон: “Ова е сексуален предатор од најлошиот вид – сериски силувач!“

Гастроентеролог од Њујорк во понеделникот беше обвинет дека дрогирал и силувал жени ширум светот, вклучително и пациенти во болницата каде што работел. 

Жи Алан Ченг (33 г.) ги снимал незаконските дела со својот мобилен телефон, а бил запрен дури во декември кога неговата поранешна девојка пронашла една од страшните видео-снимки, пишува Daily Mail.

Поранешната девојка го обвини Жи Алан Ченг дека користел маска K-N95 со памучни топчиња натопени во течност за да ја онесвести жртвата која ја имал на мета. Полицијата почнала да ги истражува нејзините наводи, по што Жи Алан Ченг бил уапсен и отпуштен од болницата во Квинс каде што работел.

Во понеделникот беше потврдено дека малтретирал повеќе жени на возраст меѓу 19 и 47 години на различни локации: неговиот дом, болницата каде што работел, Њујорк, Лас Вегас, Сан Франциско и Тајланд.

На видеата се појавуваат шест жени, но обвинителите веруваат дека реалниот број на малтретирани жени е всушност поголем. Обвинителот Мелинда Кац ги повика сите што имаат потенцијални докази за други жртви да контактираат со полицијата.

Доказите укажуваат на сексуален предатор од најлошиот вид – сериски силувач кој е подготвен да ги прекрши сите стандарди на човечката пристојност“, изјавил Мелинда Кац за тамошните медиуми.

По нападот во декември 2022 година, во домот на Жи Алан Ченг била извршена рација каде полицијата пронашла фентанил, кетамин, ЛСД и неколку анестетици кои вообичаено се користат за време на операциите. Освен дрогата, пронашле и видео-снимки од силување, од кои на едната се гледа како допира 37-годишна пациентка додека таа лежела без свест на болничкиот оддел.

Нешто подоцна, тој силувал жена што ја запознал на апликација за запознавање и го снимил сексуалниот напад. На видеото се гледа мало кафено шише покрај креветот, слично на она што полицијата го пронашла во неговиот стан при претресот, а во кое имало моќен анестетик. Истата година тој таргетирал 19-годишна девојка која дошла во болница на медицинска интервенција.

Пациентката кажала дека докторот и вбризгал супстанца поради која заспивала, а кога се разбудила тој повеќе не бил во собата. Таа се пожалила на силни болки во долниот дел на стомакот. Нејзината мајка се сомневала дека нејзината ќерка била сексуално злоставувана, но девојката им кажала на социјалните работници дека не знаела што се случило додека била во несвест. Подоцна сфатила дека докторот кој ја посетил пред да онесвести всушност бил Жи Алан Ченг.

Адвокатот на тинејџерката, Николас Лиакас, изјавил дека истрагата е запрена, тврдејќи дека болницата направила заговор против девојчето за да го прикрие сексуалниот напад што се случил.

Злосторствата што ги направи се грозоморни и одвратни, довербата на нашите пациенти беше изневерена. Жи Алан Ченг бил отпуштен пред шест месеци веднаш штом болницата дознала за силувањето, а му била изречена забрана за престој во болницата“, рекол адвокатот на жртвата.

Адвокатот на Жи Алан Ченг рекол дека е премногу рано да се коментира за случајот и дека неговиот клиент се изјаснил за невин по сите обвинувања.