Во Данска се појавија кругови за луѓето да можат да се вратат во природата и да живеат полека, уживајќи на свеж воздух…
Воздушната глетка на Brøndby Haveby , во близина на Копенхаген во Данска, е неверојатна глетка.
Бајковитото село со 284 куќи опкружено со градини е дизајнирано од Ерик Мајгинд во 1964 година за да ја поттикне интеракцијата меѓу соседите и да им обезбеди на луѓето убава средина за живеење, далеку од градската бучава и загадување.
Тој сакаше да ги поттикне жителите да се вратат на своите корени и да бараат подобар квалитет на живот во природата.
Покојниот архитект бил инспириран од круговите среде историските дански села каде жителите често се собирале и се дружеле. Така би можеле да си дадат совети за билките, овошјето и зеленчукот што ги садат пред куќите.