ФОТО | ШОК ВО ПАРИЗ – ПСЖ го ‘избриша’ Килијан Мбапе! Фудбалерот не добил покана за подготовките во Јапонија и веќе е на трансфер листата !?
Трансфер драмата со Килијан Мбапе продолжува и доби нов заплет. Според информациите на весникот L’Equipe, кои потоа ги потврди и секогаш добро упатениот новинар Фабрицио Романо – француската ѕвезда е изоставен од списокот на фудбалери на ПСЖ за претстојните подготовки во Јапонија.
Тоа е голема вест за иднината на еден од најдобрите светски фудбалери, чии односи со францускиот шампион се на ‘стаклени нозе’ во последно време. Фабрицио Романо додава дека Французинот од претходниот ден и практично и официјално е ставен на трансфер листата и дека клубот сака да го продаде ова лето.
Како што е веќе познато, фудбалерот има валиден договор до следното лето, но има и опција за продолжување на соработката на дополнителна година. И покрај тоа што не сака да потпише продолжување, туку да ја игра последната сезона во дресот на ПСЖ, а потоа да го смени клубот, ваквата идеја на раководството не и се допаѓа, со оглед дека тоа би значело дека ќе го напушти клубот – бесплатно.
Според претходните пишувања на француските медиуми, 31. јули често се споменуваше како краен датум за ултиматумот што ПСЖ му го даде на Килијан Мбапе. Или ќе го продолжат договорот, или ќе се соочат со санкции. Со оглед на тоа дека последните информации укажуваат на нов удар во односот меѓу него и клубот, под знак прашалник е дали Килијан Мбапе повторно ќе заигра за парижаните…