Кристијано Роналдо заработува вистинско богатство од овој договор, но не може да сокрие детал што укажува на ‘измама’ и голем скандал !?

Платата што ја добива во клубот, која изнесува повеќе од 200 милиони евра годишно, е само дел од огромниот приход на Кристијано Роналдо. Во Саудиска Арабија тој доби фараонски договор, но Португалецот одлично заработува и „настрана“.

Кристијано Роналдо има потпишано бројни маркетиншки договори, од кои еден е со Nike, производител на спортска опрема.

Поинтересен детал забележан од Footy Headlines односно производителот на спортската опрема на Кристијано Роналдо на пријателскиот натпревар на неговиот Ал-Наср против Селта Виго.

Имено, португалскиот напаѓач под белите чорапи носел заштитници за коски од Adidas, што може да се протолкува како прекршување на договорот со Nike.

Кристијано Роналдо и Nike се поврзани уште од раниот период на неговата кариера, поточно од 2003 година. Во моментов на сила е 10-годишен договор вреден 170 милиони евра.

Инаку, и клубот на Кристијано Роналдо потпиша договор со Nike. Досега со дресови се снабдуваа од саудиската компанија Duneus.