ФОТО | “Што е со овој садо-мазо изглед !?“ – Холивудската актерка знае како да го украде вниманието на сите: Најпаметната глумица ги револтираше обожавателите: “Изгледа нема IQ 152!“

Холивудската актерка, Кејт Бекинсејл, дефинитивно знае како да го украде центарот на вниманието.

Таа е на три месеци од нејзиниот јубилеен 50-ти роденден, но сепак успева да им пркоси на годините. Паметната девојка од Холивуд, позната по коефициентот на интелигенција од 152, повторно го шармираше Њујорк. Кога станува збор за модата, Кејт Бекинсејл дефинитивно знае да се разликува од другите познати убавици, а така беше и овој пат. Таа на снимањето на емисијата „The Tonight Show“ се појави во „совршено контраст“ издание.

Кога излегла од автомобилот сретнала многу обожаватели кои побарале автограми и да се фотографираат со неа. Со насмевка на лицето ги испочитувала сите, а потоа позирала пред камера. Токму кога сите мислат дека ракавите паднаа во заборав, Кејт ги увери сите во спротивното. Таа се одлучила за елегантен бел тесен фустан кој ги истакна сите нејзини атрибути, но малкумина ги очекуваа деталите кои таа ги нагласи.

Кејт Бекинсејл

Се чини дека Кејт не може без црни латекс ракавици, кои многумина ги опишаа како „детал од филм за возрасни“. Сè започна на премиерата на филмот „Prisoner’s daughter“ на филмскиот фестивал во Торонто, кога и Кејт го искомбинира овој детал со нежно розев фустан, додека илјадници луѓе коментираа дека „само на неа не изгледаат вулгарно“.

Околу половината имала машна од истиот материјал, а за обувките избрала чевли со вртоглаво висока платформа и потпетица. Новите фотографии го запалија интернетот и судејќи по коментарите, многумина мислат дека актерката сака да провоцира. „Кејт сака да изгледа секси“, „Што е со овие детали на 49 години ?“, „Зошто сака садо-мазо работи ?“, „Кога ќе го соблече овој фустан, како да излегла од филм за возрасни“, „Изгледа нема коефициент на интелигенција 152“, „Оваа жена знае да биде поинаква!“, „Убава е“, се само дел од коментарите.