Мадалина Генеа е актерка и модел од Романија која е позната како една од најубавите жени во светот. Оваа 36-годишна убавица влезе во светот на манекенството на 15 години, откако беше откриена од италијанскиот дизајнер Гатинони.
Ја споредуваат со Софија Лорен
Поради нејзината убавина, многумина ја споредуваат со Софија Лорен, чиј лик го отелотвори во филмот House of Gucci. Сепак, нејзините обожаватели и замеруваат на нејзината естетска операција, а се шпекулира дека тоа го направила за што повеќе да личи на познатата актерка.
Разликата во нејзиниот изглед е јасно видлива на оваа фотографија од 2012 година, а манекенката наводно подоцна ги зголемила усните и ги наполнила образите, иако тоа никогаш не го признала.
Инаку, Мадалина била во врска со познати актери, како Џерард Батлер и Леонардо ди Каприо, а се омажи за романскиот милијардер Матеи Стратан, со кој има 7-годишна ќерка.