ФОТО | Ја нарекуваат “Џенифер Лопез од Србија“, а пред Јелена, оваа девојка била првата љубов на Новак Ѓоковиќ: Има необична работа и над 2.000.000 следбеници на Инстаграм

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ со години е вљубен во Јелена, неговата сопруга и мајка на Стефан и Тара. Двајцата се запознале преку заеднички пријатели за време на средното училиште и оттогаш се практично неразделни, а во светот на спортот важат за еден од најхармоничните парови. Јелена Ѓоковиќ е најголемата, но не и првата љубов на Новак Ѓоковиќ – тенискиот шампион во тинејџерските денови бил во врска со позната Србинка!

Станува збор за Лидија Поповиќ, која својата кариера во светот на музиката ја изгради под прекарот Лејди Ли, односно LadyL! Таа работи како диџеј и настапува низ целиот свет – дури и на фестивалот EXIT пред неколку години – па не е изненадување што има 2,3 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм! Покрај музичката кариера, од која се зборува дека за настап зема и до 30.000 евра, таа има и продуцентска куќа што ја поседува. Лидија Поповиќ привлекува внимание и со својот исклучително атрактивен физички изглед со објавите на социјалните мрежи.

„Српската Џенифер Лопез“, како што ја нарекоа медиумите во нејзината родна земја пред неколку години, може да се пофали со стотици илјади лајкови (допаѓања) на речиси сите нејзини објави – било да се тоа фотографии од настапи ширум светот, од вечерно излегување или провокативни фотографии од неколку прекрасни плажи. Погледнете како изгледа Лидија Поповиќ:

Лидија Поповиќ

Што се однесува до врската со Новак Ѓоковиќ, таа не траела долго. Лидија Поповиќ тогаш живеела во Нови Сад, Новак Ѓоковиќ во Белград, па и покрај тоа што имале голема желба да одржат врска на далечина, не успеале. Сепак, раскинувањето не беше бурно и Лејди Ли неколку пати спомена во минатото каков навистина е Новак Ѓоковиќ и никогаш не изјави лош збор за тенисерот.