ФОТО | Џо Бајден до Бенјамин Нетанјаху: “Хамас изврши злосторства поради кои ИСИС изгледа рационално“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, слета во Тел Авив во средата наутро, започнувајќи ја посетата на Блискиот Исток за да покаже солидарност и да разговара за ескалацијата на насилството во Појасот Газа, јавува дописникот на медиумската агенција Reuters од лице место.

По излегувањето од авионот под силно обезбедување, Џо Бајден ги прегрна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот Исак Херцог.

Добредојдовте господине претседателе. Бог да ве благослови што ја заштитувате нацијата Израел“, му рекол Исак Херцог на Џо Бајден, соопшти неговиот кабинет.

Претседателот на САД планира да се сретне со членовите на семејствата на заложниците и со загинатите во нападите на Хамас за време на неговата посета на Израел.

Портпаролот на Белата куќаЏон Кирби, исто така, кажа дека претседателот има „тешки прашања“ за Израел кои не се заканувачки, туку прашања што би ги поставил добар пријател на Израел за идните планови.

Претседателот на САД, Џо Бајден и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, одржаа заедничка прес-конференција непосредно по слетувањето на Air Force One.

слика
Бенјамин Нетанјаху и Џо Бајден
слика
Џејк Саливан (советник за национална безбедност на САД), Ентони Блинкен (државен секретар на САД) и Џо Бајден го слушаат Бенјамин Нетанјаху

Хамас се новите нацисти“, изјавил премиерот на Израел.

Бенјамин Нетанјаху додал дека посетата на Џо Бајден е првпат американски лидер да отпатува во Израел за време на војна и тој ја смета за „исклучително трогателна“.

Има едно нешто што е подобро од вистински пријател како вас кој го поддржува Израел, а тоа е што дојдовте во Израел“, му порачал Бенјамин Нетанјаху на Џо Бајден.

Џо Бајден рекол дека САД ќе се погрижи Израел да има се што му треба за да се брани.

Тој додал дека Хамас извршил злосторства што прават ИСИС да изгледа донекаде „рационално“.

Мораме да запомниме дека Хамас не го претставува палестинскиот народ. Длабоко сум тажен и огорчен од вчерашната експлозија во болницата во Појасот Газа“, нагласил Џо Бајден.

Врз основа на она што го видов, се чини дека тоа го направи друг тим, а не вие“, му се рекол Џо Бајден на израелскиот премиер и додал дека многумина се уште не се сигурни во тоа, па многу работи треба да се истражат.

Израелскиот премиер му се заблагодарил на Џо Бајден за неговата „морална јасност“ за време на разговорите во кои американскиот претседател сугерираше дека потенцијално верува во верзијата на Израел за нападот во болницата во Појасот Газа.

Најдолговечниот израелски премиер, кој се соочува со низа судења за наводна корупција, рекол дека цивилизираниот свет мора да се обедини за да го победи Хамас, како што беше постигнато во борбата против Исламската Држава, пишува BBC.

Ќе го победиме Хамас и ќе ја отстраниме оваа ужасна закана од нашите животи“, продолжил Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека тоа не е само во корист на Израел, туку и во корист на сите.

Тој го опиша нападот на Хамас на 7. октомври како масакр, истакнувајќи дека тој ден биле убиени и 31 Американец.

По средбата, Џо Бајден ќе присуствува на проширен состанок со израелската воена Влада.

Поради гранатирање на болница во Појасот Газа, откажана е втората етапа од турнејата на Џо Бајден на Блискиот Исток. Затоа Џо Бајден нема да отпатува за Јордан каде што требаше да се сретне со арапските лидери.

По средбите со највисоките цивилни и воени претставници во Тел Авив, како и со семејствата на жртвите од нападот на Хамас, се очекува Џо Бајден да се врати во Вашингтон.

слика
Бенјамин Нетанјаху и Џо Бајден