Аргентинскиот Ф1 возач Франко Колапинто ќе ја извршува улогата на резервен возач на Алпине во претстојната сезона, официјално е потврдено.
Колапинто се претстави спектакуларно во Формула 1 минатата сезона, откако го замени Логан Сарџент во Вилијамс.
Дваесет и едногодишниот Франко прикажа импресивни перформанси и влезе во Q3 дел од квалификациите, а потоа освои поени во вториот обид во Азербејџан. Потоа освои поен на трката за ГН на САД, но за жал следеа несреќи кои донекаде го засенија неговиот претходен настап. Сепак, на крајот сепак ги доби пофалбите на шефот на Вилијамс, Џејмс Воулс.
И тоа не е се, бидејќи Аргентинецот со својот настап го привлече вниманието на другите тимови и се сметаше за место во болидот за сезоната 2025 година. Но, тоа не се оствари бидејќи пред се Вилијамс претходно постигна договор со Карлос Саинц, додека позицијата на Александар Албон не беше доведена во прашање.
Сепак, Колапинто не остана „со празни раце“, бидејќи Алпине го ангажираше како резервен возач. Така тој им се придружил на Рио Хиракава и Пол Арон.
“Многу сум возбуден поради можноста да се приклучам на Алпине. Пред се, благодарност до Вилијамс за нивната поддршка од моментот кога пристигнав во академијата до последната трка во Абу Даби. Тие го остварија мојот сон да возам во Формула 1. Секогаш ќе бидам благодарен за тоа. Сега е време за ново поглавје, а овој предизвик во Алпин е навистина чест за мене. “, рече Колапинто.
Новата сезона во Формула 1 започнува со тркачкиот викенд во Австралија, кој се одржува од 14 до 16 март.