ФРАНЦИЈА ГОРИ ПОРАДИ НЕГО: Денес е погребот на Наел М, син единец – ЈА БАКНА МАЈКА МУ и отиде на работа каде го чекаше ПОЛИЦИСКИ куршум

Во Нантер, мал град на западната периферија на Париз, денес ќе се одржи погребот на Наел М, тинејџер со арапско потекло, кој беше застрелан од француската полиција откако го запре неговиот автомобилот поради кршење на сообраќајните прописи.

Моментот кога полицаец пука во 17-годишниот Наел е снимен на видео , а ова убиство, кое се случи во вторникот, предизвика бурни протести низ Франција.

Би-би-си пренесува дека мајката на Муниа го имала само Наел, кој никогаш не го запознал својот татко. Се наведува дека младото момче работело како доставувач на храна во возилото во кое било застрелано.

Неговото образование како електричар во гимназијата во Суресно, недалеку од местото каде што живеел, беше опишано како хаотично. Често отсуствувал од училиште, поради што бил вклучен во работата на невладината организација „Овал ситојан“ од Нантер, која се занимавала со интеграција во општеството на тинејџерите кои имале проблеми на училиште.

Од таа организација изјавиле дека Наел не се занимавал со малолетничка деликвенција, но полицијата во 2021 година неколку пати го запирала во автомобил со која превезувал храна, го возел како доставувач, иако бил малолетник и немал возачка дозвола.

Познато е дека играл рагби за локален клуб од Нантер. Пред да оди на работа кобниот ден ја бакнал мајка си и се простил од неа со зборовите „Те сакам мајко“.

Француската полиција уапси речиси илјада демонстранти само за време на последната ноќ на немирите меѓу петокот и саботата, кои се судрија со органите на редот за убиството на Наел.

Властите испратија 45.000 полицајци на улиците на француските градови за да го спречат насилството.