Франција: Забранети демонстрациите во Париз за солидарност со Палестинците

Демонстрациите во Париз, кои беа планирани за утре (недела) во знак на солидарност со палестинскиот народ поради тековниот конфликт со Израел, се забранети, пренесува Анадолу.

Како што јавија француските медиуми, париската полиција ги забранила демонстрациите со образложение дека претставуваат „ризик од нарушување на јавниот ред и мир“.

Додека локалните власти дозволија демонстрации за поддршка на Израел во различни градови, истите ги забранија демонстрациите за поддршка на Палестина во Лион, Марсеј и Париз оваа недела.

Тринаесет лица беа приведени во Стразбур, Франција, откако учествуваа на пропалестински демонстрации вчера.