Франција на нозе! Момче (15) ги убило и ги запалило родителите: Ги застрелал татко му и мајка му во главата и градите, полицијата успеала да го пронајде и да го уапси (фото)

Француската полиција го уапсила Валентин Н.(15), кој е осомничен дека со огнено оружје ги убил татко си и мајка си, а потоа ги запалил.

Телата беа пронајдени на 27 ноември, а момчето оттогаш се води како исчезнато.

Според француските медиуми, тој бил уапсен и во полиција признал дека ги убил своите родители .

– Можам да потврдам дека Валентин им признал на инспекторите дека е одговорен за убиството на неговите родители – објави обвинителот.

На тинејџерот му е одреден притвор, а полицијата сè уште врши увид за да се утврдат сите детали од овој страшен настан.

Валентин исчезна во понеделникот, откако телата на неговите родители беа пронајдени во изгорената семејна куќа во Шатовиланс.

Француска полиција, 0006055850

Полицијата откри дека маж и жена имаат рани од куршум во пределот на главата и градниот кош.

Полицијата соопшти дека двојката е убиена, а куќата потоа била запалена .

Во моментот на трагедијата, нивниот постар син не бил дома, бидејќи претходниот ден отишол во друг град, каде што посетува училиште.

Исто така, неговите полусестри претходно го напуштиле семејниот дом и исто така не биле дома во моментот на злосторството.

Не е познато зошто Валентин решил да ги убие своите родители.