Франција синоќа соопшти дека не ја признава наредбата нејзиниот амбасадор во Нигер да ја напушти оваа западноафриканска земја, имајќи предвид дека „пучистите немаат овластување“ да издаваат такви наредба.
„Франција го регистрира барањето на пучистите“, изјавија за АФП од Министерството за надворешни работи во Париз, додавајќи дека „пучистите немаат овластување да го поднесат ова барање, а агреманот на амбасадорот е примен од легитимно избраните власти во Нигер“.
Воениот режим, што ја презеде власта со државниот удар во Ниамеј на 26 јули, денеска му даде на францускиот амбасадор Силвen Ите 48 часа да ја напушти нигериската територија.
Образложението за ваквата мерка е дека Ите, наводно, одбил „да одговори на повикот“ да присуствува во Министерството за надворешни работи на Нигер.
Пучистичките власти на Нигер, исто така, како причина за протерувањето наведоа и „други дејствија на француската Влада, што се во спротивност со интересите на Нигер“.
Франција верува дека единствената легитимна власт во Нигер останува демократски избраниот претседател Мохамед Базум, кој беше соборен со државен удар.
Базум во моментов е држен од војската во домашен притвор во Претседателската палата во Ниамеј.