Французите соопштија ,,трансфер бомба” – работата е готова! Меси кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија – еве во кој клуб и за која сума
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси следната сезона ќе игра во Саудиска Арабија, објави „Франс прес“, а пренесуваат светските медиуми, меѓу кои и „Дејли мејл“.
„Меси го договори трансферот, тоа е завршена работа“, изјави добро информиран извор, кој инсистираше на анонимност.
“Договорот е одличен, станува збор за голема сума на пари. Треба само да се договорат за уште неколку детали”, додал изворот, а светските медиуми , откопаа” дека станува збор за цифра од 300 милиони годишно и дека Меси ќе игра во дресот на Ал Хилал.
Да потсетиме, ПСЖ го суспендираше Меси на две недели бидејќи тој замина во Саудиска Арабија без дозвола од клубот.
По истекот на суспензијата на Меси, на ПСЖ му остануваат уште гостувањата со Оксер и Стразбур и меч на домашен терен против Клермон.