Француската политичарка Валери Бојер ја изненади француската јавност барајќи на Карим Бензема да му се одземе француското државјанство и Златната топка што ја освои минатата година. Ова се реакциите на овој политичар од француската конзервативна партија Les Republicans на изјавите на Бензема за Палестина.
Имено, францускиот напаѓач јавно ја поддржа Палестина во конфликтот со Израел, а Бојер тврди дека освен што вербално ја поддржува Палестина, Бензема има врска и со организацијата Муслиманско братство. Станува збор за политичко-верско движење чија мисија е да воведува исламски закони низ светот.
“Карим Бензема јавно ја поддржа Палестина, а министерот Џералд Дарманин потврди дека е поврзан со организацијата Муслиманско братство. Да ве потсетиме дека оваа организација е политичко-религиозно движење кое има мисија да воведува исламски закони ширум светот. движење кое сака да ја укине демократијата“, тврди Бојер и додава:
„Ако зборовите на министерот се навистина вистинити, едноставно мора да се покренат санкции против Карим Бензема што е можно поскоро. Прво, треба да му се одземе Златната топка, а потоа државјанството. Не можеме да прифатиме дека човек со двојно државјанство, кој е светски познат, ја обезвреднува и ја издава нашата земја“.