Францускиот фудбалски сојуз забрани прекин на играта за фудбалерите да го прекинат постот

– Фудбалскиот сојуз на Франција забрани прекин на натпреварите со цел фудбалерите муслимани да можат да го прекинат постот, јавува Анадолу.

Сојузот, кој прати е-порака до Федералната судиска комисија (CFA), побара натпреварите да не се прекинуваат за да можат фудбалерите муслимани што постат да го прекинат постот.

„Фудбалот не ги зема предвид политичките, верските, идеолошките или синдикалните ставови на своите играчи. Одговорност на сите страни е да осигурат ова начело да се почитува, кое ги обврзува сите, ги почитува“, се вели во образложението.

Предупредено е дека оние што ќе ги прекршат овие одредби може да бидат казнети.

Откако се појавија детали од е-пораката во медиумите, на забраната реагираа различни платформи, особено социјалните мрежи.

Во Англија е објавено дека за време на натпреварите во Премиер лигата и пониските лиги, судиите ќе им дадат време на играчите да го прекинат постот кога ќе престане играта.