Хорор во Германија: Седум загинати во верижен судар, луѓе изгореа во автомобили

Седум лица загинаа на обиколницата Бад Лангенсалц во саботата попладне. Уште тројца се тешко повредени. Еден човек е во животна опасност.

„Во несреќата учествувале три возила – БМВ, Фолксваген и Мерцедес“, изјави денес Сандра Кнопф од Државниот оперативен центар на Тирингија.

Во долга кривина, автомобилот преминал на спротивната лента и се судрил со два автомобили кои доаѓале од спротивната страна.

По несреќата се запалиле двете возила кои учествувале во несреќата. Третиот автомобил се превртел покрај патот.

Од жителите беше побарано да ги затворат прозорците и вратите поради силниот чад. Според Државниот оперативен центар, меѓу жртвите има и млади лица, пишува Билд.

Две лица, меѓу кои и лицето осомничено дека ја предизвикало несреќата, се пренесени во болница со повреди опасни по живот, изјави портпаролот на Државниот оперативен центар, пишува Таg24.de.