Фризер од Англија смислил оригинален начин да го смири дивеењето на неговата улица

Пол Џонсон (51), татко на три деца од Нортвич, Велика Британија, смислил необичен начин да се бори со несовесните возачи на патиштата.

За време на паузата Пол излезе од фризерскиот салон во кој работи и го впери фенот кон автомобилите. Иако на почетокот станува збор за шега, Џонсон тврди дека реакцијата на возачот го изненадила и дека сега одвреме-навреме го зема својот „радар“ на пат.

Доста ми е од дивјаци кои возат по мојата улица“. Зедов рефлектирачки елек од колата, фен и излегов надвор да го средам тоа. Нема да верувате, но успеа, возачите не само што ја намалуваа брзината туку и ги запираа автомобилите пред мојот радар“, изјави Џонсон за Дејли Мејл.

А кога ќе сфатат за што се работи, возачите почнуваат да свират или пукаат од смеење бидејќи не можат да поверуваат каква шега им „продал“ Пол.

„Приказната брзо се прошири низ градот, многу луѓе ми се јавија и ме замолија да дојдам на нивната улица со лажен радар за да ја измерам брзината. Се разбира, мислам дека не го правам ова постојано, но судејќи според реакциите на луѓето, сите добивме малку зафрканции. Воедно направив добра реклама за мојот фризерски салон“, заклучува Џонсон.