Фрлила во канта лоз од 12 милиони долари: По 31 година тврди дека парите се нејзини

Џенет Валенти (77) од Њујорк пред 31 година освоила џекпот на лотарија од 12 милиони долари, но никогаш не го наплатила.

Жената тврди дека пред 31 година имала добитно ливче со броевите 2, 3, 6, 43, 46 и 52, но дека го фрлила во канта за отпадоци заедно со недобитните тикети.

Оваа грешка ја чинеше неверојатна сума пари, но таа вели дека сега контактирала со локалните лотарии.

Сепак, од лотаријата објаснија дека наградата може да ја побара само сопственикот на тикетот кој лично ќе го донесе.

– Сè уште играм Лото, но добивките ми се мали, само неколку долари – објаснила жената.

Жената во тој јули 1991 година брзала да излезе од дома со двете деца и мајка си и во тој хаос добитниот тикет по грешка го фрлила во ѓубре. Таа отишла кај пријател за викенд и кога се вратила дома се обидела да си го најде лозот, но за жал не можела.

Оваа награда е вратена во фондот на државната лотарија една година подоцна и се смета за рекордна сума во историјата на Њујорк.

Џенет објаснила дека долго време била „болна“ поради грешката што ја направила и дека не може да го преболи тоа.