ФСБ ГО УПАСИ ГЛАВНИОТ ДОКТОР НА ВЛАДИМИР ПУТИН – Тој ги знае сите тајни на претседателот, а се обидел да избега од Русија со никарагвански пасош !?
Виктор Трухин (59 г.), главниот доктор на претседателот на Русија, Владимир Путин, за кој се верува дека знаел за сите медицински тајни на првиот човек на Кремљ, бил уапсен од Федералната служба за безбедност (ФСВ) при наводен обид за бегство од земјата.
Daily Mail пишува дека Виктор Трухин, кој раководел со истражувањето и развојот на вакцини, серуми и бактериски препарати во Русија, исчезнал пред шест дена, кога бил отпуштен од Федералната агенција за медицинска биологија (ФМБА) под обвинение за сторена „проневера“.
Се вели дека каналот со име Cheka-OGPU на социјалната мрежа Телеграм објавил дека агенти на контраразузнавачката служба на Владимир Путин го фатиле Виктор Трухин додека се обидувал да побегне во Белорусија.
Виктор Трухин 11 години беше директор на Истражувачкиот институт за вакцини и серуми од Санкт Петербург, родниот град на претседателот на Русија.
„Се обидел да ја напушти Руската Федерација и да замине во Белорусија, а бил уапсен од службеници на руската ФСБ, кои очигледно знаеле дека докторот планира да патува во странство“, се наведува во соопштението на споменатиот канал на социјалната мрежа Телеграм.
Се наведува дека против Виктор Трухин е покрената кривична постапка кога станало јасно дека тој има намера да ја напушти Руската Федерација и дека може да каже многу интересни работи за руските вакцини и серуми.
Според информациите, кај Виктор Трухин бил пронајден никарагвански пасош.