Силвио Берлускони на необичен начин ги мотивираше фудбалерите на Монца за голема победа во италијанската Серија А.
На божиќната вечера на клубот, тој им ветил на играчите дека автобус полн со проститутки ќе им донесе во соблекувалната доколку Монца ги победи Милан, Јувентус или некој од поголемите италијански клубови.
– Најдовме добар, пријателски настроен тренер способен да ги мотивира нашите момци. Им дадов дополнителен мотив на играчите со тоа што ако ги победиме Милан, Јувентус или некој од поголемите клубови, ќе им испратам автобус полн со проститутки во соблекувалната – изјавил Берлускони на микрофон за време на вечерата.
Во неделата Монца го победи Јувентус на гости со 2:0, администраторот на социјалната мрежа очигледно го потсети на ветувањето со фотографија од клупскиот автобус на стадионот во Торино.
– Веќе добив 100 телефонски повици. Луѓето бараа да си го одржам зборот – откри Берлускони за „Ла Република“.