Фудбалер претепан на улица, се здобил со фрактура на черепот

Фудбалерот на Рапида, Гвидо Бургсталер, се здоби со фрактура на черепот откако неодамна беше жртва на напад од непознат сторител на улиците во Виена.

Бургсталер се здобил со тешки повреди на главата кога паднал на земја, а потоа итно бил пренесен во болница.

Тој е во стабилна состојба, но Рапид потврди дека ќе биде надвор од терените неколку месеци.

Напаѓачот претходно во кариерата настапуваше за Сент Паули, Шалке, Нирнберг и Кардиф.

Тој беше редовен во Австрија со години пред поранешниот селектор Ралф Рангник да го отстрани од националниот тим во 2023 година, кога 35-годишниот беше дел од група играчи кои пееја хомофобични песни.

Договорот на Бургшалер со Рапид истекува на крајот од сезоната, а тој веќе најави дека тогаш ќе ја заврши кариерата.

Рапид во четврток од 21 часот против Копенхаген го игра последниот натпревар во календарската година во шестото коло од конференцијата на УЕФА лигата.