ФУДБАЛЕР СПОМЕНАЛ ГЕНОЦИД, И ВЕДНАШ СУСПЕНДИРАН ВО ГЕРМАНИЈА! Го казнија за ВОЈНАТА на Блискиот Исток!

Холандскиот фудбалер и член на Мајнц, Анвар Ел Гази е суспендиран од германскиот клуб.

Холандскиот фудбалер Анвар Ел Гази на својот Инстаграм профил ја поддржа Палестина и потегот на Израел го нарече геноцид , поради што веднаш беше суспендиран од германскиот клуб Мајнц. Овој 28-годишен фудбалер во понеделникот на својот профил напиша статус во кој испрати поддршка за Палестина, а не внимаваше дали овој потег ќе го чини кариера.

„Ова не е војна. Кога едната страна ќе ја исклучи водата, храната и струјата на другата, тогаш тоа не е војна. Кога едната страна има нуклеарно оружје, тоа не е војна. Кога едната страна е финансирана со милијарди долари, тогаш тоа не е војна. Кога една страна користи слики со вештачка интелигенција за да шири дезинформации за друга, тогаш тоа не е војна. Кога социјалните медиуми ја цензурираат содржината на едната страна, а не на другата страна, тогаш тоа не е војна. Ова не е конфликт и не е војна. Ова е геноцид и масовно уништување и ние сме сведоци дека тоа се случува во живо. Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“, напиша Ел Гази во својата објава.

Фудбалерот набрзо ја избриша оваа објава, но тоа не го спаси да биде суспендиран од клубот. „Ел Гази зазеде став за тековниот конфликт на Блискиот Исток кој клубот го смета за неприфатлив. Пред да ја донесат оваа одлука, клубот и играчот се вклучија во детална дискусија. Мајнц го почитува фактот дека постојат различни перспективи за деценискиот , комплексен конфликт на Блискиот исток. Сепак, клубот се оградува од содржината на објавата на социјалните мрежи за која станува збор, бидејќи тоа не е во согласност со вредностите на клубот“, рече Мајнц.

Крилниот напаѓач имаше најмногу настапи во тимот на Астон Вила (119), постигна 26 гола и 16 пати асистираше. Исто така, тој го носеше дресот на Ајакс со кој забележа 100 настапи и 23 гола, а играше и за Лил, ПСВ Ајндховен, Спарта од Ротердам и Евертон. Друг сличен случај беше забележан во Баерн, кога германскиот клуб го суспендираше фудбалерот поради објавата на Мазрауи .