“ФУНКЦИЈАТА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО Е МНОГУ ИНТЕРЕСНА“ – Кој е европскиот лидер кој сака да го наследи местото на Јенс Столтенберг !?
Премиерот на Холандија, Марк Руте, изјави дека не ја исклучува можноста да ја прифати функцијата генерален секретар на НАТО.
„Функцијата на генерален секретар на НАТО е многу интересна“, изјавил Марк Руте за едно холандско радио во саботата, пренесува Politico.
Марк Руте, кој планира да ја напушти домашната политика по изборите во ноември и падот на неговата Влада во јули, претходно изјави дека не е заинтересиран за преземање на толку висока меѓународна функција како генерален секретар на НАТО.
Сега, сепак, тој се предомисли, велејќи дека со тоа што би бил генерален секретар на НАТО, би значело дека „сè уште ќе може да придонесе“.
За потсетување, Јенс Столтенберг, кој е на чело на НАТО од 2014 година, а во текот на летото прифати да остане на таа позиција до октомври следната година.