Хаг донесе нова одлука за Шешељ, тој не сака “да се удави во морето како стаорец”, на Трибуналот му го постави овој услов?
Трибуналот во Хаг одлучи да дозволи претседателот на СРС Воислав Шешељ и неговите соработници да бидат судени од српските судови.
Хашката одлука стигна до радикалите, но тие се уште не добиле ништо од домашниот суд.
Прашање е и врз која основа домашните судови би можеле да водат постапка против Шешељ и неговите соработници и дали ќе се води некаква постапка.
Во Хаг беше поднесено обвинение против претседателот на СРС Воислав Шешељ и петмина негови соработници за непочитување на судот.
Шешељ претходно изјави дека е подготвен да оди на суд, доколку Трибуналот биде преместен во Кабул.
– Подготвен сум да одам на судење, но имам еден услов. Бидејќи Велика Британија ќе потоне во морето и тоа ќе предизвика голем бран во Северното Море да ја зафати цела Холандија, не би сакал во тој момент да бидам во Шевенинген и да се удавам таму како стаорец. Барам Трибуналот прво да се пресели во побезбедна земја. Најдобро би било да одиме во Кабул – изјавил Шешељ за „Новости“.