ХАЛАНД ГО ПОТПИШA НАЈБОГАТИОТ ДОГОВОР ВО ФУДБАЛСКАТА ИСТОРИЈА – НО НЕ СО СИТИ: Тоа е сума од која ќе ви се заврти во главата!

Фантастичниот норвешки голгетер, Ерлинг Халанд , го потпиша најпрофитабилниот договор во историјата на фудбалот.

Не, не се работи за нов вносен договор со Манчестер Сити, туку со познатиот производител на спортска опрема.

Имено, младиот напаѓач се обврзал да носи копачки на Најк во следните десет години, а за тоа ќе добие неверојатни 227.000.000 евра, пренесуваат островските медиуми. Тоа значи дека само од овој бренд годишно ќе заработува 22,7 милиони евра!

Тоа е најбогатиот спонзорски договор во историјата на фудбалот.

„Со своите голгетерски настапи ја одбележа не само сегашноста, туку и иднината на фудбалот. Тој е наследник на најголемата деветка и напаѓач на новата генерација“, објави „Најк“.

Интересно, овој познат бренд го спонзорираше Халанд уште од неговата 14-годишна возраст, но фудбалерот не го продолжи договорот кој истече во јануари минатата година. Една година беше без спонзор и ги смени копачките, а потоа реши да се врати под покровителство на „Најк“.

Халанд оваа сезона одигра 37 натпревари за Сити во сите натпреварувања и постигна 42 гола.