Халанд и Де Брујн побарале да излезат од игра! Гвардиола откри шокантни детали по болната елиминација: Што ќе кажат навивачите на ова?
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по болната елиминација во четврт-финалето од Лигата на шампионите откри дека најголемите ѕвезди на неговиот тим, Кевин Де Брујн и Ерлинг Халанд, побарале да ја напуштат играта во решавачките моменти од натпреварот.
Пеп Гвардиола нема да ја брани титулата во Лигата на шампионите. Сити се збогуваше со титулата европски првак, бидејќи во реваншот од четврт-финалето беше поразен од Реал Мадрид на пенали.
По спектаклот во Мадрид 3:3, Сити и Реал одиграа нерешено во реваншот 1:1. По продолженијата, во кои немаше голови, следеа удари од пенали, а мадриѓаните беа поуспешни.
Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола по натпреварот ја коментираше елиминацијата на неговиот тим.
„Пред сè, му честитам на Реал Мадрид. Не жалиме за ништо што направивме. Игравме одлично на сите области на теренот, но за жал, не победивме“, рече Гвардиола.
„Ова е фудбал. Во кој било друг спорт ќе победевме“, изјави менаџерот на Сити.
Многумина беа изненадени од неговата одлука да ги извади од игра во продолженијата неговите двајца најдобри играчи, Кевин Де Брујн и Ерлинг Халанд. Сепак, по натпреварот Пеп откри дека првите ѕвезди на тимот побарале самите да ја напуштат играта.
„Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујн побараа да си заминат бидејќи не можеа да продолжат. Ако сакате да го победите Реал, треба да бидете на највисоко ниво. Денес тоа не беше доволно“, рече Гвардиола.
Шпанецот јасно им стави до знаење на новинарите дека нема намера да ја коментира тактиката на колегата Анчелоти, чиј тим се бранеше речиси цел натпревар.
,,Не сум тука да одговарам на прашања за тоа што направил Анчелоти“, јасен беше тренерот на Сити.