– Англиската полиција потврди денеска дека истражува наводен инцидент, кој го предизвикал фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како норвешкиот репрезентативец користи мобилен телефон додека управува со автомобил, јави „Скај спорт“.
Полицијата наведе дека е запозната со фотографиите на кои се наоѓа голгетерот на Манчестер сити.
Според британските медиуми, Халанд, наводно, на 15 март користел мобилен телефон додека управувал со својот Ролс – Ројс фотографиран во близина на стадионот „Етихад“ во Манчестер.
Премиерлигашот Манчестер сити одби да го коментира случајот.
Халанд (22) поради повреда на препоните ги пропушти двата воведни натпревари на Норвешка во евроквалификациите и беше на медицински третман во Барселона.