Хамас ги ослободи братот и сестрата Израелци, при ослободувањето дознаа дека нивната мајка е убиена

Ноам и Алма Ор беа заложници во Газа цели 50 дена.

Цело време размислувале како ќе ја видат мајка си откако ќе бидат ослободени, но откако биле пуштени дознале дека нивната мајка е убиена, пренесува Телеграфи.

„Мојата сестра, нивната мајка, беше убиена на 7 октомври. Децата не знаеја. Мислевме дека се киднапирани заедно, но не, тие беа разделени од почеток“, изјави нивниот вујко Ахал Бесораи за Си-Ен-Ен.

„Кога ја минале границата и повторно ги виделе бабата и постариот брат, дознале дека нивната мајка не е жива. Ова беше трауматично за нив. Нивниот татко се смета за исчезнат, веруваме дека е заложник во Газа“, додал нивниот вујко.

Од друга страна, Хамас и Израел постигнаа договор за продолжување на прекинот на огнот, во замена за ослободување на другите заложници и Палестинци затворени во израелските затвори.