Хамас го покани Илон Маск да го посети Појасот Газа, а погледнете како одговори најбогатиот човек на светот

Милијардер Илон Маск денес одговори на поканата на Хамас да го посети Појасот Газа, велејќи дека во моментов е опасно да се биде во таа област.

Се чини малку опасно да се биде таму во моментов, но верувам дека на долг рок просперитетна Газа е добра за сите страни“, напиша Илон Маск во објава на социјалната мрежа X (Твитер).

Висок функционер на палестинската милитантна група, Осама Хамдан, претходно го покани Илон Маск, сопственик на компанијата Tesla и на социјалната мрежа Х (Твитер), да го посети Појасот Газа за да ги види последиците од израелското бомбардирање.

Го покануваме да го посети Појасот Газа за да го види степенот на масакрот и уништувањето извршени врз луѓето во Газа“, порача Осама Хамдан на прес-конференција.

Оваа недела Илон Маск ги посети локациите во Израел каде Хамас ги изврши нападите на 7. октомври и порача дека ќе стори се што е потребно за да се запре ширењето на омраза.