„Ќе слушнете нови вести за Украина“ Зеленски самоуверено ги претстави плановите за понатамошниот тек на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека властите на Украина подготвуваат големи работи за таа земја кои, како што наведе, ќе ја зајакнат земјата и нејзините војници.

– Тоа е главната задача. Оружје за нашите воини. Нови можности за нашата одбрана. Нови пакети за поддршка од нашите партнери – рече Зеленски во вечерното видео обраќање.

Тој додаде дека украинските власти прават сè за пред Денот на независноста, 24 август, да кажат дека е направен уште еден чекор кон кругот на најсилните држави во светот.

– Нашиот тим во моментов работи особено интензивно. Ќе слушнете нови вести за Украина. Ги подготвуваме со нашите соседи во Европската унија и оние региони на Европа каде соработката со државите не беше доволна – рече украинскиот претседател.

Тој посочи дека Украина постигна важни дипломатски успеси оваа недела – 18 земји досега се приклучија на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Украина.

Зеленски додаде дека се прават напори Украина да биде подготвена за отворање на преговорите за членство во Европската унија оваа година.