ХАМАС Е ПОДГОТВЕН ДА ГИ ОСЛОБОДИ ЗАРОБЕНИТЕ ЛИЦА !? Милитантите се огласија по најтешкиот удар врз Појасот Газа: “Подготвени сме сите цивили да ги ослобидиме!“
Хамас наведува дека е подготвен да ги ослободи сите цивилни заложници, но не и заробените припадници на израелската Армија.
„За нивно ослободување потребни се преговори и меѓусебна размена на заробеници со Израел“, вели за РИА Новости првиот човек на одделот за надворешни односи на палестинската група, Муса Абу Марзук.
Муса Абу Марзук наведува дека во моментов нема напредок во преговорите за ослободување на израелските заложници заробени од Хамас.
„Нашиот став е да ги поделиме заложниците во две категории. Едните се невините цивили кои ќе бидат ослободени затоа што нема вина за нив. Нивното заробување е резултат на хаосот што настана по поразот на израелските бригади во Појасот Газа и ќе ги ослободиме кога ќе се создадат соодветни услови. Ослободувањето на Армијата бара преговори и размена на затвореници. Заробивме стотици воени лица“, додава Муса Абу Марзук.
Според него, Хамас од Министерството за надворешни работи на Русија добил список од осум Руси кои можеби се меѓу заложниците и е подготвен да ги ослободи.
„Добивме список на граѓани кои имаат двојно државјанство. Ние сме многу внимателни за тој список и внимателно ќе го обработиме бидејќи Русија ја гледаме како наш најблизок пријател. Ние ги третираме цивилите кои беа земени и сега се во Појасот Газа како гости. Сега ги бараме овие луѓе, тешко е, но бараме и ќе ги ослободиме веднаш штом ги најдеме и покрај тешкотиите поради моменталната ситуација“, вели Муса Абу Марзук.
ИДФ денеска соопшти дека по најтешкото бомбардирање на Појасот Газа од почетокот на конфликтот, започнала голема копнена интервенција.