ХАМАС ИТНО ОСЛОБОДИ ДВАЈЦА АМЕРИКАНЦИ – Ослободени првите заложници, а ова е причината

Двајца заложници, американски државјани, киднапирани од Хамас, наводно, се ослободени, тврди милитантната група.  Хамас соопшти дека заложниците биле ослободени од хуманитарни причини.

Двајца американски заложници се ослободени од хуманитарни причини“, изјави портпаролот на вооруженото крило на ХамасАбу Убаида.

Тој вели дека тоа е одговор на напорите за посредување на Катар и да му се докаже на американскиот народ и на светот дека тврдењата на Џо Бајден и неговата „фашистичка администрација“ се „лажни и неосновани“.

Според првичните информации мајката и ќерката се ослободени. Хамас не го објави идентитетот на заложниците кои наводно биле ослободени.