Хамас: Нема разговор за заробениците од израелската војска додека Израел не запре со агресијата во Појасот Газа

 Милитантното палестинско движење Хамас денеска соопшти дека нема да разговара за судбината на заробениците од израелската армија додека Израел не ја прекине својата „агресија“ врз Појасот Газа.

„Нашиот став во однос на заробениците од израелската армија е јасен: тоа е поврзано со (можната) размена на затвореници и нема да разговараме за тоа додека Израел не ја прекине агресијата врз Газа и Палестинците“, рече претставникот на Хамас, Осама Хамдан, говорејќи од Либан.